речник контакт

Спортски занимливости

По еден милион евра награда за фудбалерите на руски Зенит.. Шкотскиот првак пехарот го доби од хеликоптер.. кој се првите 11 фудбалери на Примера лигата

Петар Печков

Спонзорот на екипата на Зенит од Санкт Петерсбург, компанијата „Гаспром“ ги награди фудбалерите од клубот со по еден милион евра за секого, бидејќи го освоија Купот на УЕФА. По 400 илајди евра тие добија за елиминацијата и понижувањето на германскиот гигант Баерн од Минхен и 600 илјади евра за триумфот против шкотскиот Ренџерс во финалето во Манчестер. Тренерот Дик Адвокат претходно изјави дека сака да ја задржи ова екипа и постониот состав, за со некое засилување во следната сезона на Лигата на шампионите да направи изненадување. По ваквите премии за освоениот Куп на УЕФА се поставува прашањето, колкави ќе бидат финансиските понуди   за да си заминат од екипата на Зенит ѕвездите  Павел Погребњак и Андреј.

Шкотскиот фудбалски првак пехарот го доби со хеликоптер откако прашањето за најдобриот се решаваше во Абердин и Данди. Шкотската фудбалска федерација заради регларност најмила летало каде го чувала пехарот. Хеликоптерот бил на половина пат од Абердин и Данди, градовите каде се играле решавачките двобои. Фудбалерите на Селтик од Глазгов станаа прваци на Шоктска откако на гостувањето  ја совладаа екипата на Данди Јунајтед со 1:0. Нивниот главен конкурент екипата на Глазгов Ренџерс киксираше на гостувањето во Абердин каде загуби од истоимената екипа со 2:0. Ова на Селтик му е 42 трофеј. Хеликоптерот  полетал со шампионскиот пехар по завршувањето на средбите, за да по половина час му го предаде на фудбалерите на првакот екипата на Селтик. За утеха на фудбалерите на Глазгов Ренџерс е што го освоија Купот на Шкоткса откако во финалето ја победија екиапта на Квин оф Саоут со 3:2, со што ги залечија раните од поразот во финалето на Купот на УЕФА и загубеното првенство.

Шпанските фанови преку интернет ги избраа најдобрите Примера играчи за изминатата сезона. На листата се најдоа пет шпанци –репрезентативци кои ќе играат на ЕУРО 2008, двајца шпанци кои не се на селекторскта листа и четворица странци, сите од Јужна Америка. На голманското место , како и лани се најде Икер Касиљас, централни дефанзивци се Ката Дијаз од Хетафе и Фабрицио Колоќини од Депротиво. Серхио Рамос е најдобар десен бек, додека лев бек е Џон Капдевил од Виљареал. Во тројцата среднисти се најдоа Хорхе Лопез од Сантандер, Хозе Марија Гутијерез од Реал и Андрес Инијеста од Барселона. Во нападот се: Даниел Хуис од Мајорка  кој во првенството постигна 27 гола, Луис Фабијано од Севиља со 24 и Серхио Агуеро од Атлетико со 19 гола. Тренерот на Расинг од Сантандер, Марселино во интернет анкетата е избран за најдобар стручњак- тренер.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »