речник контакт

Спортскиот викенд со порази за велешките екипи

Порази забележаа ГОК Борец, КМФ Кеги Моби и КК Борец баскет

Петар Печков

Порази на велешките екипи изминатиот викенд, за одбојкарите, кошаркарите и за екипата во футсал

Во третото коло од разигрувањето во Првата одбојкарска лига, по двете победи пораз за ГОК Борец на домашен терен од лидерот ОК Струмица со максимални 0:3 (13, 24,20). Домаќините  во вториот и третиот сет му дадоа силен отпор на кандидатот за титулата, но не успеаја да го освојат сетот.  По ова коло ГОК Борец останува на третото место со 10 победи и три порази, пред Работнички и Лирија кои имаат сразмер од 7/6 победи и прози. Следното коло велешани гостуваат во Тетово на екипата на ОК Шкендија, која го дели првото место.

Во второто коло од продолжението на првенството на Првата футсал лига, во дербито КМФ Кеги моби во Липково загуби од КМФ Карадаку со 6:3 (2:1). Тоа беше натпревар на 4-то и 5-то пласираните екипи, кој по ова коло ги заменија позициите на табелата, КМФ Кеги моби се симна една позиција подолу и е 5-ти со 21 бод. Во следното коло во Велес гостува екипата на КМФ Проект, која е на делба на првата позиција со КМФ Арбен Бајрами со по 42 бода.

Во 15 коло од Втората кошаркарска лига, на домашен терен во салата Гемиџии, кошаркарите на КК Борец баскет се поразени од КК Охрид со 59:70. Со овој пораз велешани се најдоа на 10 место со 21 бод. Во следното коло гостуваат на лидерот КК Вардар  во Скопје.

Од следниот викенд продолжуваат натпреварите  двете  екипи во ракометната   Првата лига.

 фото Радица Дукова

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »