речник контакт

Спортските резултати на велешките екипи викендот

Одбојка, ракомет, кошарка, футсал и Втора лига Исток - Трета лига Југ

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец загубија со максимални 0:3 дома, од екипата на ОК Вардар од Скопје. Иако во првиот сет домаќините водеа со 24:19, гостите имаа серија од седум поени, со кој го освоија сетот. Во следните сетови домаќините повеќе со мисла како го загубија првиот  скоро добиен сет, па беа лесен плен за разиграните скопјани.  Ова беше натпревар од третото коло на втората фаза на одбојкарското првенство. ГОК Борец е петти од шест екипи со скор од 7 победи и 6 порази. Во следното коло гостуваaт на екипата на Струмица, која  е лидер на табелата. 

Ракометарите на ГРК Борец дома славеа со екипата на РК Шампион од Скопје со  35:25  (16:8): Гостите беа противник кој не зададе мака за велешани и тие лесно го добија натпреварот со фенерџијата на табелата. ГРК Борец  останува на  6-тото место од девет екипи,  но со 18 бодови. Во следното последно коло гостуваат во Гостивар на екипата на РК Јехона која е сосед на табелата 5-то пласирана со 24 бода.

Кошаркарите на КК Борец басект продолжуваат со победничката серија, шеста победа од седум натпревари. Во неизвесен натпревар, кој се решаваше во финишот победија76:66  со четири последователни тројки на Виларов. Средбата беше помеѓу две изедначени екипи, соседи на табелата. По ова коло КК Борец баскет има 25 бодови и е петти на таблета. Во следното коло гостува на претпоследниот од табелата, екипата на Тетекс ТТК.

Футсал екипата на КМФ Кеги моби победи во Кавадарци против екипата на КМФ Клими со 5:6. Домаќините водеа по првото полувреме со 3:1, па велешани израмнија и поведоа со 6:3 за на крајот домаќините стигнат до негатива од само еден гол, но без можност за израмнување. Со оваа победа КМФ Кеги моби ита за враќање во Првата футсал лига. Во следното коло дерби, гостуваат во Штип кај КМФ Астибо, кој е 5-ти на табелата. По ова коло КМФ Кеги моби и натаму е лидер со 34 бода еден повеќе од второпласираната екипа на КМФ Форца која има натпревар повеќе.

Во Втората лига Исток, ФК Локомотива од Градско,од ОФС Велес, загуби дома со 0:1 од шестопласираниот тим на ФК Пехчево со 0:1, со што се заковани на последното место со само 5 освоени бодови. 

Во второто коло од Третата фудбалска лига Југ, екипата на ФК Превалец победи во Црнилиште, против истоимената екипа со 2:5.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »