речник контакт

Спречи го ракот со здрав начин на живот, дебелината еден од причинителите

Овој 4 февруари ве повикуваме, кој и каде и да сте, да ја одиграте својата улога во создавањето свет без рак. 4-ти февруари -Светски ден на ракот

Петар Печков

Ракот е водечка причина за смртност во светот, со речиси 10 милиони смртни случаи во 2020-та година, или причинител за речиси еден од шест смртни случаи во светот. Постојат силни докази дека зголемената телесна тежина предизвикува различни видови на рак. Според третиот Експертски извештај на World Cancer Research Fund и American Institute for Cancer Research, утврдени се дополнителни пет други видови на рак во споредба со Експертскиот извештај од пред една деценија кои се поврзани со зголемената телесна тежина.

Се проценува дека 1,97 милијарди возрасни и над 338 милиони деца и адолесценти биле со прекумерна тежина или дебели на глобално ниво во 2016 година.

КОИ ВИДОВИ НА РАК МОЖЕ ДА СЕ ПОЈАВАТ ЗАРАДИ ЗГОЛЕМЕНА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА?

Постојат убедливи докази дека зголемената телесна тежина е причина за рак на хранопроводникот (аденокарцином), панкреасот, црниот дроб, дебело црево (колоректален), дојката и бубрезите. Исто така, има убедливи докази дека зголемената телесна дебелина причина за рак на ендометриумот.

Зголемената телесна тежина е веројатна причина за рак на устата, фаринксот и гркланот, желудникот, жолчното ќесе, јајниците и простатата. Во однос на зголемување на тежината како возрасен/на личност, има убедливи докази дека зголемувањето на телесната тежина е причина за постменопаузален рак на дојка.

Околу една третина од смртните случаи од рак се должат на употреба на тутун, висок индекс на телесна маса, консумирање алкохол, низок внес на овошје и зеленчук и недостаток на физичка активност. Следствено, кога станува збор за спречување на ракот, несомнено дека прво место зазема здравиот начин на живот.

КАКО?
Одржувајте здрава телесна тежина!
Погрижете се Индексот на телесна маса (ИТМ) или попознат како Body Mass Index (BMI) во тек на целиот живот да е во рамки од 18,5 до 24,9kg/m2. Зголемената тежина во детството и раниот живот може да биде проследена со зголемена тежина и дебелина во зрелоста.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ?
Бидете физички активни.
Јадете храна богата со интегрални жита, зеленчук, мешунки и овошје.

Ограничете или исфрлете ги „брзата храна“ и другата преработена храна богата со масти или шеќери.
Ограничете или избегнувајте внес на засладени безалкохолни пијалаци .

Одржувањето здрава тежина во текот на животот е еден од најважните и најефикасните начини за заштита од рак.

Здравиот начин на живот е долг, но сигурен пат за спречување на појавата на рак!

текстот е преземен од Институот за јавно здравје на Република Северна Македонија

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »