речник контакт

Србија стана сопственик на грбовите на Скопје и на Охрид

ПОРАДИ НЕГРИЖА НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА... Малку е постара оваа вест, ама има што да се прочита.

Зоран Николов

Грбовите на главниот град Скопје и на градот Охрид станале сопственост на Србија, а никој од државава не реагирал за да се оспори тоа, дознава „Време“. Во регистарот на грбови и знамиња во меѓународната конвенција „6-тер“ во Париз, на бирото за заштита на индустриската сопственост, грбовите на тие наши два града се водат како трејдмарк, односно како заштитена марка на државата Србија и Црна Гора! Тоа значи дека никој друг (ниту Македонија) не може да ги заштити како свои. Институцијата „6-тер“ е регистар на владини, меѓувладини и меѓународни организации и амблеми. Според првите луѓе на Македонското хералдичко здружение (хералдика е наука за грбовите), станува збор за првите варијанти на грбовите на Скопје и Охрид што веќе станале сопственост на Србија и Црна Гора, зашто никој во нашата држава не покажал интерес за заштита на македонското хералдичко наследство. - Македонија не се грижи за тие работи. Ако сега градот Скопје сака да си го регистрира грбот во нашето Министерство за локална самоуправа, тие ќе упатат барање до Бирото за индустриска сопственост, а тие ќе утврдат во Париз дека тој грб е веќе регистриран на име на Србија и Црна Гора. Значи, Скопје не може меѓународно да го заштити ниту својот грб - изјави вчера за „Време“ Јован Јоновски, претседател на Македонското хералдичко здружение (МХЗ). Во материјалот од париската организација до кој дојдовме се наведува дека грбот на Скопје е пријавен под бројот 0416 со назив „Армоирес де ла Вилле де Скопје“ (грб на градот Скопје), а под него стои името на Србија и Црна Гора. Исто е и со грбот на Охрид („Армоирес де ла Вилле д‘ Охрид“), кој е заведен под бројот „6-тер“ 0417. Интересно е што под линијата на тие регистри за Србија и Црна Гора, се појавува и името на Социјалистичка Република Македонија, но ниту таа претходница на Република Македонија не е носител на правата. Од градската управа на Охрид вчера ни рекоа оти немаат информации дали грбот на нивниот град бил заштитен во некоја меѓународна организација. Велат оти друг, а не тие, требало да се грижи за тоа прашање. - Формата и изгледот на грбот е утврден со статусот на општината, но согласно со член 10 од Законот за локална самоуправа, за понатамошна заштита требало да се грижи Министерството за локална самоуправа - изјави вчера за „Време“ портпаролот на општината, Васко Ложанковски. Од управата на Скопје, пак, ни рекоа оти треба да проверат во архивите и со правната служба. Во Државниот завод за индустриска сопственост на Македонија ни изјавија дека знаат само дека грбовите биле заштитени во времето на СФРЈ, но не знаат што се случувало понатаму. - Во времето на СФРЈ грбовите биле заштитени. Што се случило во меѓувреме, не е во наша надлежност. Прашајте во Министерство за надворешни работи - ни рече вчера Симчо Симјановски, раководител во тој завод. Членовите на Македонското хералдичко здружение додаваат дека Македонија не била заинтересирана да го заштити и знамето со шеснаесеткракото сонце што го промени под притисок на Грција. Но, властите во Атина постапиле поинаку. - Единственото нешто што Македонија го има пријавено во регистарот во Париз е новото знаме. Откако Македонија се откажа од знамето со ѕвездата од Вергина, Грција се заинтересира, го регистрира во Париз и си го заштити - додава претседателот на МХЗ, Јован Јоновски. [b]Грбовите низ Македонија се хералдички неточни[/b] Речиси сите грбови на градови, односно општини низ Македонија се хералдички погрешни, предупредуваат од Македонското хералдичко здружение (МХЗ). Според тоа здружение, грбовите не ги исполнуваат законите на науката за грбовите (хералдика). Актуелниот грб на Скопје е хералдички погрешен, како и грбовите на сите други општини. Единствен хералдички правилен грб е оној на општината Центар и до некој степен новиот грб на Карпош. Од МХЗ потсетуваат дека Република Македонија и понатаму нема свој државен хералдички грб. Извор: [url=www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=639&ArticleID=39419]Време[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »