речник контакт

Сребро на Мартин Караколев на балканското 3х3 во баскет

На првенството учествувале играчи до 18 години

Петар Печков

На Балканското првенство во баскет 3х3 кое се одржа во Истанбул Турција избраната македонска селекција на играчи до 18 години го освоила второто место.  Меѓу  четворицата кошаркари, челнови на селекцијата  беше и велешанецот Мартин Караколев (18 год).

Задоволен сум што стигнав до овој успех и мојата  досегашна  работа даде резултат. Кошарката е дел од мојот живот  а желба ми е да еден ден бидам  член и на сениоркста репрезентација - вели младиот Караколев.  

Игра на позицијата плејмејкер и шутер,  беше  член  на Борец Баскет а   од  летово  заминува во скопски Вардар,  висок е 194 цм.  а со кошарка се бави 5-6 години. Во селекцијата биле:  Елвис Хот, Филип Георгиевски,  Емил  Николов и  Мартин Караколев.

Спонзор на првенството бил  Туркиш ерлајн а зиброт на кошаркарите бил од страна  на кошаркарска федерација. Во Истанбул   учестувале 8 селекции од Балканот, биле поделени во две групи по 4 екипи, Македонија била втора во полуфиналето ја победила селекцијата на Турција а во финелето играла со Хрватска и загубила со 14:10.

Мартин започнал со кошарка, како одговр на тоа  што  неговиот постар брат Виктор веќе се бавел со овој спорт па сакал да  биде како него ако не и подбар, или како што Виктор вели ,,поради мотивација,,.  Неговито план за антаму е да се запише на ДИФ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »