речник контакт

Среда вечер премиера на велешки театар на претставата „Вечера за глупаци“ (фото)

Со оваа претстава среда вечер се отвора и театарскиот фестивал на комедијата „5ре“

Петар Печков

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ среда вечер, со почеток од 20 ч. ќе ја изведе премиерата на претставата „Вечера за глупаци“ .  Тоа е прва премиера на театарот за годинава и истата е дел од содржините на фестивалот на комедијата „5ре“.   

„Станува збора за комедија која се комбинира комедија на карактери и комедија на ситуации. Сигурен сум, дека публиката ќе ужива во претставата“ - кажа Сашо Димоски, директор на велешки театар.

Премиерата на претставата е на 20 март а првата реприза а не 27 март, кога ќе биде одбележан и Светскиот ден на театарот. Претставата е работена според текст на Франсис Вебер а во режија на Ненад Витанов.

„Станува збор за еден од најпознатите текстови на  познатиот француски комедиограф Франсис Вебер.  Игран е на бројни театарски сцени во светот, има англиска и француска верзија на филм. Со големо задоволство ја поставивме и на сцената на велешки театар. Текстот е  напишан 1992 година а во Македонија во два наврати е игра во два театри. Третира универзална тема, за човековата глупост која е и смешна и драматична“ - рече режисерот Витанов.,   

Носечката ролја во претставата ја има Фаик Мефаилоски.  

„Одамна немам работено комедија и со оваа претстава се навративме на овој жанр, кој е благороден и за нас како актери и за публиката која повеќе сака комедии. Поминавме низ еден одлучен, супер забавен процес.   Оваа претстава, долго, долго ќе живее на сцената на театарот“ - кажа Мефаилоски.  

Сценографија е на Филип Коруновски, костимите се на Раде Василев, музичкиот избор е на Сашко Костов, додека  освен Фаик Мефаилоски, настапуваат Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски,  Талија Настова, Јордан Витанов,  Кире Ацевски,  Сандра Танчева.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »