речник контакт

Средното училиште „Коле Неделковски“ стана регионален образовен центар

Училиштето ќе го смени статусот и ќе стане државно средно училиште

Петар Печков

Средното училиште „Коле Неделковски“  од Велес стана регионален образовен центар. Ова е одлука ан Владата а по распишаниот конкурс на Министерството за образование. На него учествувале сите средни стручни училишта од Вардарскиот плански регион, Велес, Кавадарци, Неготино и Свети Николе. 

Во Македонија има осум плански региони и според Националната стратегија на Министерството за образование, во секој регион треба да има еден ваков регионален  центар за стручно образование и обука.   

„По две години активно учество во овој „натпревар“ со другите стручни училишта од регионот, изборот беше за нашето училиште. Регионален центар ќе стане од 1 јануари следната година и тоа за три струки. Во машинската струка, за машински техничар, техничар за компјутерско управување - автомеханичар и заварувач, во сообраќајната струка и за електротехничката струка за - електроника и телекомуникација и енергетичар. Овие струки се одбрани по многу анализи, анкети, истражувања на пазар на трудот, дека овие струки се потребни во регионот. Се со цел развој на економија во Вардарски плански регион. Училиштето ќе го смени статусот и ќе стане државно средно училиште. Тоа ќе значи дека државата ја  презема одговорноста за  инвестирање во училиштето, набавка на опрема за настава. Нашите колеги од училиштето ќе бидат обучени  а бидат обучувачи“- кажа директорката Весна Стојанова Богоевска.

Во училиштето настава посетуваат 871 ученик а брои околу 70 вработени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »