речник контакт

Средства за учениците од ранливите категории

Локалната власт издвои 47 илјади денари за 27 ученици за децата без родители, без родителска грижа, за старателите и деца ученици од згрижувачките семејства

Петар Печков

Локалната власт додели средства за ученици од ранливите категории.  Годинава  од Општинскиот буџет се издвоени  47.600  денари кои ќе бидат распределени на 27 ученици,, од основното и средното образование кои се задолжителни.

Овие средства се за децата без родители, без родителска грижа, за  старателите и деца ученици од  згрижувачките семејства. Активноста е во согласност со Програмата на Општина Велес за социјална работа,  Чекот градоначалникот Чадиев го врачи на  Нада Трајкова, претставникот на Центарот за  социјални работи од Велес  

Овие средства служат за обновување на гардеробата за на училиште или да му се купи она што му е најпотребно од училишниот прибор. . Корисниците ги определува Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »