речник контакт

Среќа во несреќа

Велешанецот Ѓуро П. (31 год) имал голема новогодишна среќа, кога во саботата ноќта успеал да извлече жива глава од овој уништен автомобил.

Петар Печков

Велешанецот Ѓуро П. (31 год) имал голема новогодишна среќа, кога во саботата ноќта успеал да извлече жива глава од овој уништен автомобил.

Тој околу 21.30 часот на автопатот Велес-Градско, после мостот на реката Вардар кај мотел Македонија, поради неприлагоденост на условите на патот или големата брзина, отишол на десната страна и се истумбал, па завршил во каналот за одводна вода. И покрај големите оштетувања на автомобилот марка БМВ со италијански регистарски таблички, кој не бил негова сопственост, Ѓуро П. поминал со полесни повреди, па дури и не отишол во болница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »