речник контакт

Среќен Божик, за верниците кои го слават по Грегоријанскиот календар

Љубов, мир и милосрдие со сите Вас кои го славите и кои ја почитувате желбата и овој Божик да станеме подобри луѓе и подобри христијани. Мир со вас е честитката од Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов

Петар Печков

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов упати божикна честитка по повод празникот Божик што го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед.

Драги верници и сите луѓе со добра волја!, Божик е средба со Бог. Ние овој Божик, во годината на верата, сакаме да го чуеме со вера, а тоа значи со срце. На Божик најголемата вредност е кога Бог е присутен во човекот. Затоа вам драги верници, но и на вас почитувани со добра волја Ви посакувам неизбежна средба со Исус Христос кој токму на овој Божик за вас има утешна порака и охрабрување: Не бој се јас сум со тебе, јас сум за тебе засекогаш да останеш човек и од внатре бидеш збогатен со вредностите на духот и со вечната порака твојот живот да ја следи мојата љубов и мојот благослов, се наведува во честитката на бискупот Стојанов. 

Љубов, мир и милосрдие со сите вас кои го славите и кои ја почитувате желбата и овој Божик да станеме подобри луѓе и подобри христијани. Мир со вас – Честит празник Рождество Христово! Христос се роди!,  се вели во божикната честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »