речник контакт

Српски државјанин нападнал жителка на Чашка

57 годишната жена се здобила со телесна повреда. Кај тепачот во крвта 1,85 промили алкохол

Петар Печков

Во вторникот вечерта во Полициската станица Чашка бил пријавен физички напад врз жителка на  населбата.

Според велешката полиција околу 21.30ч ч. во семејната куќа 41-годишен државјанин на Р.Србија  физички нападнал  57- годишна жителка на Чашка. При тоа снажно ја удрил со рака по лицето, од што таа се здобила со телесна повреда.  

Странскиот државјанин бил  приведен во Полициско Одделение Чашка. Над истиот било извршено алкотестирање при што се констатирани 1,85 промили алкохол. СВР Велес  работи на расветлување и документирање на настанот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »