речник контакт

Српскиот лингвист д-р Жарко Бошњаковиќ е добитник на Почесното Рациново признание

„Рациновите средби“ по 59-ти пат ќе се одржат во Велес, годинава на 14-ти и 15 јуни.

Петар Печков

Добитник на Почесното Рациново признание за 2022 година, е српскиот лингвист, универзитетски професор д-р Жарко Бошњаковиќ од  Нови Сад.  Ова признание се доделува за  афирмација и  промоција на македонскиот  јазик, книжевноста и културата во странство.  Ова на денешната прес конференција го објави организациониот одбор на манифестацијата „Рацинови средби“ која по 59-ти пат  ќе се одржи во Велес, годинава на 14-ти и 15 јуни.

„Проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од  Нови Сад, го проучува македонскиот јазик кај македонското малцинство во Србија. Тој има изработено прирачници за реализација на настава на македонски јазик во образовни институции во Србија. Автор е на Македонски јазик, читанка,речник и граматика, коавтор е на обемното дело македонско -српски и српско- македонски речник изговор и граматика“ - кажа Владимир Илевски од НУБ „Климент Охридски од Скопје, член на организационен одбор.

Добитникот на престижното Рациново признание за 2022 година ќе биде познат на отворањето на Рациновите средби на 14-ти јуни, вечерта. Во конкуренција за награди биле 22 дела, колку што се пријавиле на конкурсот.

За наградата одлучува жирито во состав д-р Снежана Петрова Џамбазова, д-р Јасмина Делова Сиљанова и Маја Апостоловска.  

Меѓу содржаните на Рациновите средби се традиционалниот Балкански поетски митинг, научниот симпозиум „Беседи за Рацин“, потоа научна дебата за предизвиците со кој се соочува македонскиот јазик. Дел од содржините ќе бидат  одржани во велешки театар, дел на повеќе локации на  отворено. 

Финансиски манифестација е поддржана од Општина Велес а организатор е здружението „Публика плус“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »