речник контакт

Српскиот претседател Николиќ ја посети винаријата Стоби

Гостинот воодушевен од технологијата и виното на Стоби

Петар Печков

Српскиот претседател Николиќ , кој беше во посета на земјава, заедно неговиот македонски колега и домаќин Иванов ја  посетија  винаријата Стоби. Тие беа запознаени со процесот на производство и со пласманот на виното кое завршува и во Србија но на светските пазари.  Гостите беа пречекани од сопственикот на винаријата и АК Вардар од Градско Минчо Јорданов и од директорот на винаријата Дане Јованов.

Винаријата Стоби  може да произведе 5 милиони литри вино годишно од кои 300 илјади литри се во буриња, комплетното количество е преработка од сопствените 600 хектари лозје кои даваат род од 8-9 милиони килограми грозје. Зградата на винаријата  во која се  вложени 18 милиони евра при изградбата и во технологијата, работи две години и  е целина за чиј идеен проект архитектите ја имаат добиено биеналната награда на државно ниво.

Објектот опфаќа  5 сали за дегустација, сопствен ресторан и продавница на вино. Целокупната опрема во неа е со потекло од Италија, Франција и Германија. Винаријата има и винотека која е   на површина од 400 метри квадратни, во 200 буриња.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »