речник контакт

Српскиот трилер „Чувари на формулата“ за малку познатиот инцидент со радијација во Винча во 60-тите години, премиерно пред велешани (видео)

Премиера на хоророт „Пет ноќи кај Фреди“ базиран на истоимениот серијал на видео игри, акциониот авантуристички филм „Марвели“ базиран на стрипови на Марвел, и компјутерски анимираниот трилер „Инспектор Сонце и клетва на црната вдовица“.

Петар Печков

Четири филмски премиери наредните седум дена  се на репертоарот на 3Д киноверзум.

Од денес попладне ќе се прикажува српскиот филм, кој премиерата ќе ја има во Белград од сабота „Чувари на формулата“. Подготвувала ли Југославија атомска бомба?   Во екот на кризата од Студената војна, група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне - станува мачно прашање за југословенските научници.

Хоророт „Пет ноќи кај Фреди“базиран на серијалот на видео игри е исто така премиера.  Проблематичен чувар почнува со работа во пицеријата на Фреди Фазбеар. За време на првата ноќ, тој сфаќа дека ноќната смена нема да биде толку лесна да се преживее и открива што всушност се случило пред многу години  во пицеријата.

Акциониот авантуристички филм „Марвели“  е премиерно пред велешани. Базиран на стрипови на Марвел, во кој се појавуваат ликовите Керол Денверс / Капетан Марвел, Моника Рамбо и Камала Кан / г-ѓа Марвел. Моќите на Керол Денверс се испреплетуваат со тие на Камала Кан и Моника Рамбо, што ќе ги натера да работат заедно за да го спасат универзумот.

Премиера и на компјутерски анимираниот трилер „Инспектор Сонце и клетва на црната вдовица“.  Сместен во светот на бубачките каде пајаците се полицајци, еден детектив се качува во воден авион кон Сан Франциско откако конечно го уапсил својот најголем непријател. На тој лет, се случува убиство кое ги вовлекува во заплет кој може да влијае и на светот на луѓето и на светот на бубачките.

Трета седмица по ред се прикажува документарниот филм за Раста, српски рапер „3211“. Приказната е кога го апсат и тој оди во затвор. Што самиот тој доживува во тој период.

Акционата анимирана  комедија „Тролови 3 “се прикажува во Велес. По два филма вистинско пријателство и немилосрдно флертување, Попи и Бранч, сега официјално и конечно се пар. Како што се зближуваат Попи открива дека Бранч има тајно минато. Кога братот на Бранч, Флојд е киднапиран поради неговите музики таленти, од страна на пар злобни негативци, поп ѕвездите Велвет и Венир, Бранч и Попи тргнуваат во емотивно патување за повторно да ги обединат другите браќа да го спасат Флојд од лошата судбина.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »