речник контакт

Српскиот хит филм „Индиго Кристал“ на репертоарот на 3Д киноверзум (видео)

Пред велешани е и новото остварување, четврто по ред од серијалот „Џони Вик“ со Киану Ривс. На репертоарот се враќа и филмот „Се во исто време“ кој освои седум Оскари

Петар Печков

Српскиот хит филм „Индиго  кристал“, продукција „Јужен ветер“ од денес е на репертоар на 3Д киноврзум, Велес. Приказната за филмот  е  во 4 дена и го следи  главиот јунак Вук, кој е излезен од  затвор. Тој е прогонуван од самоубиството на  најдобриот другар, се обидува да го спаси неговиот помал брат на годишнината од самоубиството. Поучен од искуството, Вук го почнува своето повторно враќање во друштвото обидувајќи се да дознае зошто е пуштен од затвор 2 години порано.. Филмот ќе се прикажува од четврток , сабота, вторник и среда.


Вториот филм премиера оваа седмица е Џони Вик 4. Новата авантура на Кијану Ривс е на филмското платно од четврток до вторник, освен понеделник.


„Шазам! Бес на боговите“  е продолжение на серијалот са супер јунаците. Тим од млади супер херои мора да најде сила да се соочи со својот најтежок предизвик досега! Дали Шазам и неговите згрижувачки браќа и сестри можат да го спасат светот од античките богови кои бараат одмазда? Ќе се прикажува сабота и недела во  пладневната програма.


Хоророт „Врисок“шестото продолжение а филмот ќе се прикажува недела и понеделник.

„65“ каде главниот јунак Адам Драјвер  е пилот  на вселенски брод кој по судир со астероид паѓа на непознаа планета, се додека не открие дека всушност се насукал на планета Земја, пред 65 милиони години. Филмот е на програмата в среда.

Оскаровецот „Се во исто  време“ кој освои sседум  Оскари е на репертоарот  понеделник. Одлична акциона комедија со Џејми Ли Кертис и Мишел Јео! Кинеска иселеничка во години е затекната во луда авантура, каде таа сама може да го спаси светот. Филмот доби Оскар за   најдобар филм,  славеше во дури три актерски категории. Едната од нив е Мишел Јео, која стана првата Азијка која го освоила Оскарот за најдобра женска улога, потоа Џејми Ли Кертис и Ке Хуј Кван триумфираа во споредните улоги, машка и женска, Даниел Кван-Даниел Шајнерт беа наградени за режија и за оригинално сценарио.


На репертоарот се и три детски филмови, сабота и недела во пладневната програма . Детскиот анимиран „Мармадук, „Баш супер“  , производство Норвешка, насинхронизиран  на македонски и  и „Најдобриот роденден досега“.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »