речник контакт

Ставен на увид планот за изградба на асфалтна база во кругот на каменоломот МИ-СА

Предвидено е да се гради и пристапен пат. Увидот трае до 9-ти февруари

Петар Печков

Локалната власт го стави на увид на јавноста во градот  планот за изградба на асфалтна база во рамките на каменоломот МИ-СА. Таа се наоѓа на локација од влезот во градот Велес,од север . од правец на Скопје.  Вкупната површина е 1,6 хектари.

Урбанистички проект за изградба на објект со намена Г2.1 – Лесна градежна индустрија – База за производство на асфалт на КП 10455, КО Велес и пристапен пат, е поставен на веб страницата на општина Велес.

Јавниот увид трае до 9-ти февруари, до кога граѓаните можат да испратат свои забелешки, мислења и предлози.

Во Велес има една асфалтна база, сопственост на ЈП Македонија пат и за неа е потребна „А“ интегрирана дозвола.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »