речник контакт

Стадо овци прегазено кај Кадрифаково

На нив налетал шлепер, загинале 17 овци

Петар Печков

Седумнаесет овци угинаа на стариот регионален пат Штип – Велес откако во нив удрило товарно возило. Несреќата се случила околу пладне,  на патот меѓу селата Три чешми и Кадрифаково.  

Во нив удрил шлепер кој возел од  Штип кон Велес. Според сведоците возачот возел брзо. Овците преминувале преку патот, кога на нив налетал камионот.

Овчарот  Исмаил Зиберот е во шок од тоа  што се случило а глетката на патот  е грозна.   Во слична несреќа на оваа делница во 2010 година угинале 30, а во 2011-тта 11 овци.

фото:Телеграф.мк

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »