речник контакт

Станарите од Хабитат се уште чекаат асфалтирање на улицата

Потпорниот ѕид се изгради летово ама никако на ред да дојде асфалтирањето. Надлежните најавуваат дека еден дел годинава ќе се заврши

Петар Печков

Чекањето на станарите од комплексот згради Хабитат   за изградба на пристапен пат е со години. И натаму улицата Невена Георгиева Дуња никако да  се асфалтира. Летово за малку работите тргна а од ништо, откако  беше изграден долго најавуваниот потпорен ѕид. но другите  работи се уште се само најава.

 Во текот на летото се изгради потпорниот ѕид. Но никако да започне асфалтирањето на улицата. Еве месец дена има интензивни врнежи и ние пак во домовите влегувале по каллива улица, полна со вирови. И пак неосветлена. Децата  навечер со наша помош се прибираат дома од школо - велат станарите. 

Тие укажуваат на овој проблем четири години, Пролетва беше најавено дека годинава ќе се гради потпорен ѕид а ќе се асфалтира само една од улиците кои водат до домовите на зградите во населбата Хабитат. Втората ќе се остави за до година, кога ќе заврши  новата зграда, чија што изградба е во тек.  

До крајот на годинава ќе се асфалтира оваа улица. Се чека само поволни временски услови, по што ќе започнат градежните работи - велат од општина  Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »