речник контакт

Станд ап настапот на Сашко Коцев во рамките на фестивалот „5ре“ во Велес, распродаден за неколку часа

Организатори најавија дека нема да има дополнителен настап, бидејќи станува збор за фестивал

Петар Печков

За неколку часа, откако беа пуштени во продажба се распродадоа билетите за настапот на Сашко Коцев на третото издание од театарскиот фестивал  „5ре“. 

Станд ап комедијата на Коцев е на програмата на затворањето на фестивалот 31 март. Организатори најавија дека нема да има дополнителен настап, бидејќи станува збор за фестивал.

Претходно, пред еден месец, Коцев за еден ден распродаде два негови настапи во Велес, па беше дополнително закажан уште еден.

Стенд ап комедијата на Коцев ќе се одржи на сцената на велешки театар.  

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »