речник контакт

Стапи новиот возен ред на Македонски железници, во земјава возат шест пара возови, меѓународни нема

Велес со Скопје е поврзан со шест воза

Петар Печков

Од денес, недела 10 декември стапи на сила новиот возен ред на Македонски железници. Според објавата на МЖ Инфраструктура во Македонија активни се шест пара  патнички воза, три  локали до Велес, еден до Битола и два до Гевгелија.

Поради нарушената статика на железничкиот мост на   реката Црна,чија санација деновиве  започна, од Градско и Неготино и обратно, патниците од и за Гевгелија се превиваат со автобус. 

Од јуни 2021 не сообраќаат патничките возови кон Кичево и Кочани, од почетокот на годнава кон Табановце и Куманово. Не сообраќа ниту меѓународниот воз за Приштина - Косово а со години и тој  за Белград и Солун.

Иако од МЖ Транспорт не објавуваат, според железничарите причина за вака редуцираниот патнички превоз е малиот број на исправни локомотиви и патнички гарнитури.

Во возниот ред впишани и  двата  воза од и за Битола, кои од 27 октомври не сообраќаат.   Од МЖ велат дека прават напори да се поправат двете патнички гарнитури возови од кинеско производство,  за да може до крајот на годинава да се врата двата патнички воза од Скопје до Битола и обратно.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »