Петар Печков
Објавено: недела, 14 декември 2025
Од денес, недела 14 декември, стапи на сила новиот ред на возење на Македонски железници. Тој е со важност до 12 декември следната година. На хартија по македонските пруги сообраќаат десет пара на патнички возови, по три од Скопје за Битола и Велес и по два за Куманово и Гевгелија. И натаму, возовите од Скопје кон Кичево и Кочани не сообраќаат, од мај 2021 година. Нема ниту меѓународни возови кон Грција, Србија и Косово.
Во однос на времето на поаѓање скоро и да нема промени, во однос на досегашниот ред на возење.
Во пракса од овие десет патнички воза, сообраќаат седум, кон Велес не возат двата локали а кон Битола еден.
Претходно Македонски желeзници соопштија дека од четвртокот 11 декември времено се укинуваат три патнички воза, два локали од Скопје до Велес и еден за Битола. Тие нема да сообраќаат до 10 јуни следната година. Причината за ваквата одлука е реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково. Во периодот од 9 часови од 7,30 до 16,30ч. освен патничкиот нема да се одвива и товарниот железнички сообраќај.
| Tweet |




