речник контакт

Старата велешка болница најстариот здравствен објект во Македонија, кој континуирано прима пациенти од 1907

Зградата низ годините ги задржала одликите на неокласичниот стил во кој е градена

Петар Печков

Најстариот активен здравствен објект во Македонија е старата велешка болница, изградена пред век и кусур. Зградата во  која  денес  е  сместено    одделението  за невропсихијатрија,  одделот  за  физијатрија  и  лабораторијата е изградена во далечната  1907  година и  е  најстарата  болница  која  се`уште  функционира  во земјава.

Ова се податоците до кој дојде младиот доктор Атанас Ѓорѓиевски, кој подолго време работел и истражувал за историјата на оваа здравствена институција, додека таму беше вработен. Објектот пред некоја година беше реновиран со средства од норвешката невладина организација Норвак, но ги задржа  одликите на неокласичниот стил во кој е граден.  Доктор  Ѓорѓиевски истражувал за нејзините почетоци.

Денешната  зграда  е  изградена од  тогашните  отомански власти  во 1907  година  како ,,Нова  Турска  Воена Болница,, во  склоп  на турските  воени  касарни  кои  се  наоѓале под   болницата.  Објектот  бил  до  самиот  штаб на  гарнизонот. Не  постојат  документи  за  кој е градителот, архитектот,  но  годината  е  јасна и прецизно запишана – вели д-р Ѓорѓиевски. Истражувајќи низ достапните документи, тој  дошол до информации дека  во  Велес  имало  болница  изградена некаде околу 1860  година, не  е датирано  точно кога. Таа била  воена  болница  сместена во  самиот  град, во  една  од  куќите  на  семејството  Весови. 

Објектот  ,, Нова  турска  воена  болница,,   прима  пациенти  107 години и  ден  денес  таму  се  лекуваат   нашите  сограѓани. Голем  број  од  нив  поминуваат  покрај  оваа  зграда   а не знаат дека е толку стара. Тоа  е  само  уште  еден  бисер  кој  го  издвојува  градот  Велес, кој  на македонската  јавност   покажува  дека  во  него  се  живеел  градски  живот  многу  одамна – додава д-р Атанас.

Според документите на велешки архив,  подоцна  во оваа болница  работи  Американската Мисија на Жени на чело со д-р Ела Греј и тоа се до 1922-та година. Тие во овој период на располагање имале и автомобил, иако Велес првата бензинска ја добива 1925 година. Најверојатно со бензин се снабдувале со канистри од Солун, со воз.  

Од извештајот на оваа хуманитарна организација, достапен во американските документи,  има фотографија каде може да се види зградата, пациентите, докторите но и автомобилот. Таа фотографија не е постара од 1922 до кога тие биле во Велес.  На 27 август 1922  американската мисија го напушта градот  и заминуваат за Америка.

Примопредавањето со наследникот д-р Антун  Сасо, лекар  од градот  Трогир  Хрватска  кој  имал  завршено медицински  факултет  во Прага, било на 20 март 1922 година. Според документите во оваа пригода  тој примил 100 железни кревети, 262 ќебиња, 282 перници, 85 навлаки, 241 детска кошула  Хрватот бил   управник до  31 мај 1936.  

Значењето  на оваа Болница  е  мултифакторијално. Има  пред  се  социолошки  значај  дека  во  Велес  имало организирана континуирана  Болничка  здравствена заштита уште во 1860 година. Јасно го  потенцира  Велес  како  значајна  градска населба,  во  тоа  време градот  имал  болница  сместена во  болничка зграда  со  свој управник, доктори,  медицински  сестри.  Организираната болничка  заштита  била  последица  на  економскиот  и урбаниот растеж  на  градот. Па  така благодарение  на  оваа болница  се  спасени  илјадници  животи  на   велешани  со  тоа  се овозможувало и популационен  прогрес  на  градот. Многу  животи  би  биле  изгубени  доколку  истата  ја  немало - додава д-р Ѓоргиевски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »