речник контакт

Старец жив изгоре палејќи стрниште од нивата

Иако има забрана за палење на стрништа, земјоделците често ги палат за да добијат нови земјоделски површини

Петар Печков

Жител на велешкото село Мартолци жив изгоре во опожарена нива.  Јован Андреевски  (80 год) вчера попладне  го палел стрништето, кога го зафатил огнот. Кога дошла екипата на велешка Брза помош , го нашла под дрво неговото тело јагленисано.  Тој се обидел да избега пред огнот, во блиската река Бабуна, но ветерот кој дувал го засилил пожарот и го зафанал Андреевски кој подоцна  бил пронајден мртов. 

 На 26.02.2019 околу 18.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во нива во село Мартолци, велешко, починат и со изгореници на телото било пронајдено лицето Ј.А.(80) од истото село.  Истиот ден околу 13  часот тој ја  запалил исушената трева, но огнот го зафатил и него - пишува во соопштението  потпишано од Верољуб Додевски  портпарол на  СВР Велес. 

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.  Селаните за подготовка на нивите за пролетната сеидба ги палат стрништата и покрај предупредувањата дека со тоа се уништува и растителниот и животинскиот свет на тие површини.  Ова не е прв случај во велешко, земјоделец жив да изгоре палејќи земјоделска површина. Летото 2010-та велешанецот жив изгоре откако се обидел да ја запали нивата, која е лоцирана близу Порцеланка. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »