речник контакт

Старец нападнат и ограбен на гробишта

Двајца разбојници биле уапсени откако нападнале и ограбиле велешанец завчера на гробиштата на црквата Св Спас во Велес.

Петар Печков



Разбојништвото се случило во петокот околу 17.30 часот на гробиштата кај црквата Свети Спас, кога Б.Н. (69) бил пресретнат од насилниците. Осомничените го нападнале велешанецот и го турнале, по што му го зеле паричникот во кој имало 7.500 денари.

Ограбениот веднаш ја повикал полицијата, која за кусо време успеала да ги фати разбојниците. Станува збор за Мустафа Ќ. (23) и Сефа Д. (30), против кои се поднесени кривични пријави за разбојништво. Од полицијата велат дека осомничените и порано биле пријавувани за различни кривични дела.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »