речник контакт

Старица пронајдена дома мртва, живеела сама

Немало траги на насилство врз телото на старицата и нема да се врши обдукција

Петар Печков

Уште една сограѓанка, која живеела сама,  пронајдена мртва дома.  Рајна Донева ( 79год) вчера претпладне била пронајдена почината во нејзиниот дом на ул. Јовче Тикваров. Неа околу 10,30 ч.  ја пронашол поштарот кога дошол да и врачи социјална помош. Смртта ја констатирал доктор од брзата помош.  

На барање на полициските службеници коишто вршеле увид во домот на старицата, побарана е асистенција од Службата за итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом - Велес. На местото на настанот дежурен лекар изврши преглед и констатираше смрт - изјави за ТрМр д-р Страхил Тодоров портпарол на Итната служба.  

Од СВР Велес го потврдија настанот а од ОЈО Велс информираа дека кај старицата не се пронајдени траги на насилство и нема да се врши обдукција. Соседите на Рајна велат дека таа имала син, кој многу ретко доаѓал кај неа и го немале видено подолго време. 

Ова е трет смртен случај  во Велес за три дена како  дома се пронајдени лица кои живееле сами.  Во понеделникот беа пронајдени мајка и син кои соседите не ги виделе со месеци. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »