речник контакт

Старицата од Велес, која почина во понеделникот дома, има ковид -19, синот е негативен

Обдукцијата на Институтот за судска медицина покажала дека старицата умрела на почетокот на јануари

Петар Печков

Велешанката Катица Маноилова (79 год) која беше пронајдена мртва во понеделникот претпладне во нејзиниот дом,  има ковид-19, потврди министерот за здравство Венко Филипче, на попладневната прес конференција. Нејзиниот син  Ванчо ( 53 год) кој беше пронајден мртов  покрај неа имал негативни резултати на корона вирусот.

Пронајден е вирусот во примерок од  дишното стебло, но тешко е да се каже  што е директната причина за смртта.  Не е исклучена можноста вирусот да бил присутен и во земјава порано,  имајќи во предвид  што   има се повеќе публикации  дека има и асомптоматски  носители на вирусот  - кажа Филипче.  

Обдукцијата на  телото од страна на Институтот на судска медицина,  која ја нареди ОЈО Велес, покажала дека старицата умрела на почетокот на јануари, што ја отвора дилемата од кога ковид-19 е присутен во  Македонија.  Министерот Филипче посочи дека годинава имаме ,, осетно зголемен број на пациенти од сезонски грип, 37 илјади  годинава, наспроти дваесетина илјади,   историски  гледано повеќе години наназад.

Претходно на пладневната прес конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски објави дека двајца пожарникари се во самоизолација.

Пожарникарите немале никаков директен контакт со починатите, тие ја обиле врата по барање на полицијата а по реакција на соседите дека се шири ложа реа.  Затоа побаравме да им биде земен брис - изјави Коцевски.  

Соседите во разговор во понеделникот кажаа дека старицата и синот ги немале видено од почетокот на годинава. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »