речник контакт

Стартна победа за одбојкарите, победа и за кошаркарите

ОК БОРЕЦ – ОК ШКЕНДИЈА 3:0 КК БОРЕЦ БАСКЕТ – КК СТРУМИЦА ФКП 79:75

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец со победа ги започнаа натпреврите од  пролeтниот дел на првенството, на најдобрите шест екипи. На домашен терен со максимални 3:0 (19,13,15) славеа над екипата на ОК Шкендија од Тетово, сосед на табелата четвртопласиран. Домаќините без многу мака стигнаа до победата и останаа трети со 32 бода. Следното коло гостуваат во Тетово на екипата на Универзитет Тетово, која е петта со 24 бода.

Кошаркарите на КК Борец баскет забележаа победа во 13 коло, второ пролетно, во натпреврот со ниско пласираниот КК Струмица ФМП 79:75. По ова коло велешани се 4-ти 22 бода. Во следното коло, дерби, играат со лидерот КК Соколи во Штип.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »