речник контакт

Стартуваа натпреварите од Третата фудбалска лига Центар

Започнаа со настапи и фудбалерките на ЖФК Борец во Втората лига

Петар Печков


Се одигра првото коло од Третата лига Центар, каде се натпреваруваат три екипи од ОФС Велес, која е и организатор на натпреварувањето.  ФК Борец како домаќин славеше со високи 9:0 над крушевски ФК Бучин.

Додека пак ФК Локомотива од Градско на гостувањето во Прилеп загуби со 2:3 со бројни забелешки за однесувањето на домаќините. Во ова коло слободена беше екипата на ФК Превалец. Лигата брои 11 екипи.

Започнаа и натпреварите од Втората лига фудбал жени, каде настапува екипата на ЖФК Борец. Во првото коло на домашен терен одигра нерешено 2:2 со екипата на ЖФК Победа од Валандово.  Лигата брои осум екипи.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »