речник контакт

Стасаа вакцините против грип

Ова е тротипна вакцина, која содржи три вида на вируси – Х3Н2- сезонски грип кој го има на Северната Земјина хемисфера, Х1Н1 –познат како свински грип и тип ,,Б,,

Петар Печков

Добиени се сезонските вакцини за грип во Центар за јавно здравје Велес. Од утре секој кој сака ќе може да се вакцинира. ЦЈЗ  кои ги опфаќа подрачните единци во Велес,  Свети Николе, Неготино, Кавадарци и Гевгелија, добиле 3 илјади вакцини за сезонски грип.  

Во Велес на располагање се 800 вакцини, Кавадарци 790, Неготино 390, Свети Николе 380  и Гевгелија  400 и  за Специјалниот завод во Демир Капија  230 вакцини.  Директорот Тони Димитриев најави  дека тие како Центар за јавно здравје се подготвени со полн капацитет, да ги услужат сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат.

Една вакцина чини 400 денари а таа може да  се прими  секој работен ден од 8,30 до 14,30ч. Вакцината против грип е од фирмата АБОТ од Холандија.  

Ова е тротипна вакцина, која содржи три вида на вируси – Х3Н2- сезонски грип кој го има на Северната Земјина хемисфера, Х1Н1 –познат како свински грип и тип ,,Б,,. Вакцината заштитува од овие три вида на грип кои се најчести и предизвикаат најтешки клинички слики.  Пожелно е сите кои сакаат да се вакцинираат што поскор да дојдат, бидејќи потребно е две до три недели за да се развие солиден имунитет. Повеќе време  кај имунокомпромитирачки  лица, кои боледуваат од други хронички болести   потребно е што побргу да дојдат и ја  примат вакцината – изјави   примариус д-р  Билјана Трајкова – епидемиолог.  

Таа посочи дека овој период нема регистрирано случај  на пациент заболен од грип. Големите  температурни разлики во текот на денов, , овие денови, според  неа можат да влијаат и погодува за да се појави грипот. 

Бројот на распределени вакцини  е според очекуваниот број на граѓани кои може да се јават за вакцинација , спореден со минатите  5 до 10  години.  Лани вакцините беа искористени за 10 дена.   Може да се вакцинираат бебиња од 6 месеци па нагоре. Апелирам до сите кои имаат работни места, кои се сретнуваат со поголем број на други лица, работат во затворен простор, иако се млади и здрави но се изложени  на ризик од лесно добивање на вирус од грип.  Лица кои работат на шалтери, здравствени работници – додава д-р Трајковска. 

Превенција против грип, освен имунизација се што подобро одржување  на лична хигиена,  не престојување подолго време во затворена просторија со многу луѓе кои се присутни, проветрување на просториите, пред се на училиште, градинки. Во случај на заболување пациентот седум дена да биде дома на лекување.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »