речник контакт

Статистика покажа Велес за 10 години во минус 153 жители

На 31 декември лани општината броела 54.955 жители. Жените живеат и статистички подолго од мажите

Петар Печков

Државниот завод за статистика ги објави процените за населението за 31 декември 2012 година. Според бројките   на овој ден  Општина Велес имала 54 955, мажи 27 634 и жени  27 321. Со Попис  од 2002 општина Велес броела  55.108 население.  

Бројките покажуваат дека за десет години општина Велес се намалила  за 153 жители. Во општина Велес најголем дел од популацијата е на возраст од  25 до 34 години  8.573 жители и од 45 до 59 години, тие се 12.253 жители. Жените се побројна категорија на возраст од 45 до 54 години, како и 65 години и нагоре ( што ќе рече дека мажите умираат помлади, жените имаат подлабока старост) .

За илустрација еве ги и соседите:  Општина Градско има  3 584, мажи 1 919 и жени  1 665. Општина Лозово има  2 621, мажи 1 388 и жени 1 233.  Општина Чашка има 7 851, мажи  4 139 и жени  3 712. 

Користени се податоците од Државниот Завод за статистика

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »