Петар Печков
Објавено: вторник, 26 ноември 2024
Стефан Тодевски е избран за раководител на Подрчна единица Велес на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката. Одлуката е донесена седница на Управен одбор на бордот на директори на АД.
„Оваа акционерско друштво има огромен потенцијал да креира вредности и да диктира текови, да создава за доброто на државата и граѓаните. Планирам сериозни проекти. Ќе работиме ефикасно, одговорно, посветено и транспарентно, имаме високи амбиции. Сакам да бидеме пример за успешно работење“, истакна Тодевски.
Тој најавува дека приоритети на неговото работење се подобрување на управувањето со постоечките објекти и развој на нови проекти. Тодевски по професија е дипломиран криминолог, со работен стаж во приватни фирми и јавно претпријатие.
Новиот директор доаѓа на местото на досегашниот ВД директор Владимир Арсовски.
Tweet |