речник контакт

Стечај за Велеспром

Стечаен управник Богољуб Макревски. За стечај на неликвидните Киро Ќучук и Керамика Нова ќе се решава во февруари.

Петар Печков

По барање на Министерството за финансии, Управа за Јавни приходи, во Основниот суд во Велес е отворана стечајна постапка за Велеспром. Некогашниот трговски џин, сега руина од фирма отиде во стечај, причина оти сметката била блокирана повеќе од 45 дена. За стечаен е именуван за  Богољуб Макревски кој го водеше стечајот во Рудкоп од Кавадарци и Сведмилк од Битола.

Долгот кој таа го има кон најголемиот доверител УЈП е 150 милиони денари, што е 90 отсто од севкупниот долг.   Собранието на доверители на АД Велеспром во стечај ќе се одржи на 28 март до кој период имаат можност сите доверители да ги поднесат нивните побарувања кон фирмата, но и обврска на должниците кон Велеспром , кои ги има, даги платат нивните долгови.

Во овој период  од два месеци ќе се испитува има ли имот АД Велеспром во стечај, кој во моментот на отворањето имал тројца вработени. Најавеното рочиште за отворање на стечај во  АД Киро Ќучук и Керамика Нова  не се одржа и е презакажано за  првата декада на февруари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »