речник контакт

Стечајниот судија гo прифати планот на ГСОЛ за реорганизација на Фени

По втор пат ГСОЛ преку план за реорганизација го добива Фени во стечај, кој работи а дали ќе биде така ќе одлучува Апелација по евентуалните жалби на незадоволните странки

Петар Печков

Ревидираниот План за реорганизација  на кавадаречки Фени е одобрен од Валентина Ѓоргиевска   стечајниот судија на Основен суд Велес која го работеше овој предмет. Планот  претходно беше  прифатен од Собранието на доверители на  30 ноември годинава со мнозинство гласови  а УЈП со 7,8% побарување гласаше против него. Како и во претходниот обид Фени во стечај,  го добива  во Глобал Спешлс Опуртунитис  (ГСОЛ)од Бахамите.  Планот  претходно во јули  беше одобрен од стечаен судија на Основен суд Велес а вратен  од страна на Апелација Скопје, каде вложиле жалба незадоволните странки. 

Констатираните забелешки се отстранети, планот беа коригирани. Во пречистениот текст има доказ за финансиската состојба на предлагачот, дека ги има средствата за подмирување на сите прифатени доверители со Планот за реорганизација - кажа адвокатот Поленак. Тој  побара брза правосилност  во стечајот на Фени, во интерес на вработените, на државата и македонската економија.

Последните 10 месеци имаме извоз од 100 милиони долари. Најважно е стечајот да заврши и да создадеме ново друштво, нова компанија со светла иднина - кажа Маркос  Камхис директор на    ГСОЛ.

На вака прифатениот ревидиран план за реорганизација незадоволство јавно кажаа      претставници на  Акрон груп од Белизе и Кунико рисорсис од Холандија кои имаат право на жалба на ваквата судска одлука. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »