речник контакт

Стечајот за некого крај, за некого нов живот

Кој како ја прежиеа стечајната постапка во велешкото стопанство, кое остави на улица 10-тина илјади вработени

Петар Печков

Велешкото стопанство силно го тресеше  стечајната треска на почетокот од 21-век, кога од 22 илјади вработени, од неколкуте гиганти Лозар, Порцеланка, Нокатекс, Топилница, дома заминаа  десетина илјади. Порцеланка и Нокатекс не преживеаја. Но затоа Брако и месната индустрија ,,Агрија,, се пример за успешност. 

Брако со 400-те вработени е носителот на велешкото стопанство. Компанијата со современата технологија што е внесена, е модерен и современ капацитет кој го освојува Балканот и Европа  со 20 милиони евра годишен промет. Во неа се прозиведува жичана програма, санитетски и здравствени помагала и мебел.  Фирмата извезува во 21 држава во светот, 50 отсто од извозот е во земјите на ЕУ.

Неколку фабрики во регионот со жичани програми  во тој период се затворија и се отвори простор за нас.  Многу бргу, од почетните 200, почна да прозиведува и до 1.400 тони месечно. Но, и со толкаво производство ќе ја губевме трката поради цената на масовните транспорти на инаку ефтините прозиводи. Затоа, БРАКО инвестираше во производни капацитети во Видин во Бугарија и во Панчево во Србија, каде развиваме само жичани прозиводи со кои сме конкурентни на локалните пазари, а со трите фабрики станавме најголем производител во Југоисточна Европа – вели Анѓушев. 

Брако е купена по седум години стечај од Кочо Анѓушев,  денес е респектабилна компанија со бренд на регионално ниво, која  инсталираше  200 базни станици за мобилната телефонија во Косово. Позитивен пример е и МИ Агрија, која се ,,роди,, од поранешната кланица на АД Лозар. Таа денес порасна  во една од најголемите производители на свинско месо во Македонија, со  200 вработени, капацитет од 20 илјади товеници, кланица и повеќе современи продавници низ земјава.

Од друга страна, на тажната стечајна приказна, се Нокатекс и Порцеланка.  Нокатекс  некогаш текстилна фабрика, беше купена од гевгеличанецот Сотир Ампов за 211 илјади евра,  денес не работи.  Во нејзините фабрички хали работат три фабрики, сите со грчки капитал, едната за медицинска опрема, другата текстилна и третата за составување на фрижидери и електрични шпорети наменети за хотели. Порцеланка, ја купи  Трифун Костовски и ја  ребрендира во ,,Керамика Нова,, денес е затворена.

Инвестирав во неа нови 5,5 милиони евра и направив високософистициран капацитет за производство на ѕидни и подни керамички плочки. Стартував со ветување од Владата на СДСМ дека до 2009 година зоната ќе биде гасифицирана и веќе инсталираниот капацитет ќе користи енергенс 50% поевтин од истиот којшто во моментот се користеше. Енергенсот во финалниот производ со пропан бутан учествува со 48%, а со користење на природен гас учеството на енергенсот ќе беше во висина од 30% од цената на производот. Тоа ќе ја направеше фирмата стабилна и ќе беше производен бренд не само во Република Македонија, туку и во регионот –  објаснува Трифун Костовски, зошто за некогашните три илјади работници нејзиниот рестарт остана само пуст сон.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »