речник контакт

Сто години од трагедијата на Титаник

Титаник, најголемиот патнички брод во светот удрил во замрзнат брег на 14 април 1912 година во 23:40 часот, потонал за помалку од три часа на 15 април доцна во ноќта. Во таа несреќа загинале 1.514 луѓе.

Петар Печков

Титаник бил втор од други три патнички бродови, за кои се верувало дека ќе доминира во прекуокеанскиот патнички сообраќај. Бродот бил сопственост на компанијата Вајт Стар Лајн, а бил изграден во бродоградилиштето Нарланд во Волф и Белфаст, Алстер, т.е. Северна Ирска.

Градењето почнало во 1909 година. Бродот кој бил пуштен да плови на 31 мај 1911 година, бил долг 269 а широк 28 метри, додека носивоста му била околу 56.000 тони  со височина од 18 метри, од водата до палубата со чамци. Само три од четирите 19 метарски оџаци биле функционални, додека четвртиот бил додаден за вентилација и секако да го направи бродот поимпресивен. Бродот можел да носи вкупно 3 547 патници и екипаж.

Максималната брзина била до 25 чворови, имал 46.000 коњски сили. Капетан на Титаник бил Едуард Смит, а тој претходно патувал по Северноатланските води 26 години и по тоа последно патување требал да оди во пензија по дури 46 години служба.

На првото пловење од Саутхемптон во Англија до Њујорк, Титаник среде Атлантикот наишол на замрзнат брег кој му го оштетил трупот. Од 2.230 патници и целиот екипаж спасени се околу една третина  - 710 лица.

Податоците за над 1.500 настрадани зборуваат дека многу од нив биле од денешна Хрватска, БиХ, Македонија и Словенија. Посебно интересно поврзано за овие  краеви, кога е во прашање Титаник е преданието кое постои меѓу карловачките винари, дека меѓу другите, покрај многу други пијалоци и вино од најпознатите француски и италијански визби, на винската карта на луксузната класа на бродот се наоѓало и десертното вино „Ауспрух“ произведено во Сремски Карловац.

Мелвина Ди, последна преживеана патничка, која како двомесечно бебе била спасена во чамец, почина во 2009 година во Англија во 97-та година.

Поради дивите ловци на потонати бродови, властите на САД, Канада, Велика Британија и Франција се договориле во 2004 година остатоците од Титаник да ги чуваат недопрени и таа локација да ја заштитат како Музеј на отворено.


Во април 2012 година кога е 100-годишница од потонувањето на Титаник, прекуокеанскиот патнички брод Балморал, на кој се членови на семејства на жртвите на бродоломот, појде на крстарење по истиот пат по кој пловел легендарниот параброд.

Балморал  исплови од Саутемптон, на југот на Англија, па прво застана во Шербур во северна Франција и Кобе на југот на Ирска, соопшти компанијата Мајлс Морган травел.
Во ноќта меѓу 14 и 15 април ќе стигнат и до местото на кое Титаник пред 100 години удрил во замрзнат брег. Во спомен на жртвите на бродоломот ќе се одржи церемонија, а бродот потоа ќе продолжи да патува кон њујоршкото пристаниште.

За Титаник во 1997 година е снимен филм кој следната година доби дури 11 Оскари. Филмот на 27 март оваа година се појави во ново издание, конвертиран во 3Д. Филмот „Титаник“ заработи околу две милијарди долари на светските благајни.

Се очекува и прикажување на серија „Титаник – крв и челик“, во 12 продолженија кои кон крајот на минатото лето, во италијанско-ирска продукција се снимени во Крагуевац, а потоа во Белград и Даблин. За снимањето на сериите само од Крагуевац биле ангажирани околу 1.200 статисти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »