речник контакт

Стоби вината се светска класа, 2 златни и 3 сребрени медали

Медалите се освоени на престижниот Mundus Vini за 2014 во Минхен

Петар Печков

 На  Меѓународниот саем ан вина  во Минхен, Винаријата Стоби се врати со пет медали, 2 златни  и 3 сребрени. Златото го добија вината ,,Аминта,, и ,,Вранец веритас,, и двете 2011-та година реколта.  Сребрени добија,, Каберне совињон,,  ,,Шардоне барик,, ,,Пети верду,,. Истите можат да се пробаат во ресторанот на винаријата. 

 Интернационалните признанија кои ги имаме освоено се дополнителен мотив за нашата винарија за стремеж кон создавање на совршенство од секоја капка. Горди сме што нашите потрошувачи го препознаваат квалитетот и вредноста на вината што ги произведуваме.  – велат од Винаријата Стоби.

Интернационалните признанија на престижниот Mundus vini можете да ги погледнете на следниот линк: https://www.meiningers-weinsuche.com/en/search/site/stobi

 Винаријата Стоби е една од поголемите поддржувачи на значајните настани во Велес, Фестивалот на античка драма Стоби  и годинашната Питијада.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »