речник контакт

Стоматолозите повторно работат во нивните амбуланти, со закажување и но под протоколи за заштита од ковид-19

Во период од месец и половина, додека работеше дежурна стоматолошка амбуланта 220 велешани побарале и добиле здравствена услуга

Петар Печков

Од средата започнаа со работа стоматолошките амбуланти. По еден и пол месец пауза, почнуваат со работа сите стоматолошки ординации. Ова следува по препорака на Комисијата за заразни болести.

Во овој период поради опасноста од ковид-19, имаше една дежурна амбуланта. Според д-р Трајан Николов, претседател на регионален одбор на стоматолозите за Велес, Чашка и Градско при Стоматолошка комора на РСМ, 220 велешани побарале и добиле стоматолошка услуга во дежурната амбуланта.

Сите интервенции не ги изведуваат матичните доктори стоматолози. Пациенти  кои се позитивни на ковид-19 а  имаат проблеми со забите, тие се лекуваат на Клиника во Скопје. Прегледите се со закажување по телефонски пат со земање епидемиолошка анамнеза, пополнување епидемиолошки прашалник - изјави д-р Николов.  

Сите стоматолошки здравствени установи, кои се во мрежата, се ставаат во рестриктивен режим на работење, со што се должни да се придржуваат кон протоколите и упатствата за работа во услови на сè уште постојна закана од инфекција со Ковид-19. 

Во протоколите пишува дека на влезот од ординацијата мора да има крпа со дезинфициенс за обувките, а во чекалницата дезинфициенс за рацете. Пациентите што ќе одат на забар, ќе требаат да ги остават сите предмети што не може да се дезинфицираат во чекалницата, каде што ќе може да чекаат максимум две лица. Задолжително е и носењето заштитна опрема при влегувањето во ординацијата кога ќе му се мери и температурата на пациентот со бесконтактен топломер.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »