речник контакт

Стопанствениците од градот со реакција за цената на собирањето на смет, градоначалникот Колев најави намалување

Се согласивме дека треба да има корекција надолу- кажа Колев

Петар Печков

Бизнис секторот од општина Велес се мобилизирал откако стапија на сила новите повисоки цени на собирање на смет. Тоа во пракса значело 10 до 20 пати повеќе пари, отколку што плаќале претходно, кога се сметало  по метар кубен а сега е по метар квадратен.

Тие упатиле и писмо до градоначалникот Колев, за да се намали цената бидејќи со постојната го отежнува работењето на фирмите во градот.  За ваквата состојба посочи советникот Игор Смилев.

„Во однос на цената на ѓубрарината ЈКП Дервен се соочи со  повисоки цени на струјата, повисока минимална плата, се зголемија цените на горивото што силно се одрази на работа на претпријатието. Тие редовно ги плаќаат сметките за струја а знаете дека деновиве неколку ЈП во земјава останаа без струја а жителите без вода. Најавено е и зголемување на цената на  суровата вода која ЈКП Дервен ќе ја плаќа кон ЈВП Лисиче.  Ова им го кажав на стопанствениците. Тие упатија две писма, првото за средба со мене за да си ги кажат маките, што и се случи. Неколку пати се видовме со нив и на наредната седница на Советот ќе испаднам со корекција на цената. Чекам да ја видам нивната реакција по понудените цени. Се согласивме дека треба да има корекција надолу. Кога ќе ја прифатат  цена што ја понудив, истата  ќе ја предложам на Совет. Ако се прифати, тогаш разликата ќе треба да се плати од Општинскиот Буџет кон ЈКП Дервен. Но им посочив дека како што реагираат за оваа цена на ѓубрарината кон локалната власт, треба да го имаат и истиот аршин кон државата за другите повисоки сметки и покачувања“ - изјави Марко Колев градоначалник на општина Велес.  

На ова советникот Смилев побара да не се двојат граѓаните и стопанствениците, во однос на намалување на цената за собирање смет.   

„Да не биде никој привилегиран. Потребно е и за сите потрошувачи да бидат во иста состојба, мислам на граѓаните“ - кажа Смилев.

„Има реакции од граѓаните, но не се во тој обем како на стопанствениците. Лошо ќе биде ако регулациона побара покачување на цената на водата“ - рече Колев.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »