речник контакт

Стотина велешани казнети за фрлање ѓубре по градот

Шестмина велешани, навивачи, беа парично казнети по 50 евра бидејќи во спротската сала „25 мај“ фрлаа смет од сончоглед, семки и отпушоци од цигари за време на ракометен натпревар во четвртокот.

Петар Печков

Шестмина велешани,  навивачи, беа парично казнети по 50 евра бидејќи во спротската сала „25 мај“ фрлаа смет од сончоглед, семки и отпушоци од цигари за време на ракометен натпревар во четвртокот. На сите  нив, полицијата им изрече казни бидејќи не го почитуваа Законот за јавна чистота. И покрај тоа што во салата имаше полиција која казнува, поголем дел од 300-те гледачи на средбата помеѓу Борец – Вардар, и понатаму продолжија да го фрлаат сметот од семките и сончогледот,  а по натпреварот хигиеничарите од салата имаа полни раце работа. За спечувањето на фрлање на смет од сончоглед, семкарите започнаа на купувачите да им даваат и празно хартиено кесе,  за да има каде да ги фрлаат лушпите.

Во саботата на првенствениот натпревар помеѓу Борец и Пелистер, друга слика, публиката не фрлаше лушпи по подот, туку ги собираше, кој во раце кој во кесе, но на крајот салата беше чиста. За една седмица од примената на овој Закон, во градот се изречени 100 казни, најмногу за фрлање смет на јавна површина, но поголемиот дел од нашите сограѓани истите не ги платиле и  ги замениле со четиридневна општествено корисна работа во ЈКП Дервен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »