Петар Печков
Објавено: сабота, 10 ноември 2012
Пред велешани овој викенд, ретка можност да се видат благородни птици пеачки преку изложбата која ја организираше Здружението на граѓани за заштита на птици и одгледување на благородни птици и птици пеачки. Стотриесет птици, канаринки, бастарди, папагали, егзоти и гугутки се пред велешани во просториите на Ловното друштво.
Велешани ги сакаат птиците, тоа го покажува оваа изложба. Ова се птици кои ги чуваат нашите членови во домашни услови. Сакаме на овој начин на останатите сограѓани да им ја покажеме нивната убавина, нивниот пој. Сите примероци се важни за сопствениците, имаме дијамантски зеби, дијамантски гугутки кои се поретки и не се секојдневни - вели Љупчо Саздов претседател на здружението.
Изложбата е традиционална од 1972-тата година откако постои и друштвото и една од постарите манифестации во градот а се одржува во чест на Денот на општината 9-ти Ноември.
Tweet |