речник контакт

Стојанов -на 11-ти октомври 1941-та партизаните смело без грам сомнеж се втурнаа во борбата против фашизмот

Поттикнати од своите идеали и државотворни стремежи, Македонците ги обединија силите и застанаа на страната на антифашиститите и земаа активно учество во борбата против фашизмот и окупаторите

Петар Печков

На честувањето од 80 годишнината од Денот на Востанието 11-ти октомври во градот херој, Прилеп се обрати  претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците, велешанецот д-р Никола Стојановски. 

Тој истакна дека денешниот настан му претставува посебен чин во неговиот живот, во животот на неговите другари и другарки, партизани и партизанки, кои смело без грам сомнеж се втурнале во борбата и ги дале животите за нашата земја. Во 1941-ва, борците од Македонија, партизаните, станаа дел од големата  светска антифашистичката коалиција, со што Македонија  стана дел од прогресивните демократии и држави  во светот. 

„Минати низ бури, премрежија, искушенија останавме свои на своето и горди дека нашата земја стана независна суверена држава. Доживеав многу дни, од воени, државотворни, како и јубилеи, го доживеав и овој ден – 80 години од народното востание. Од овде, од Прилеп храбро и безрезервно со борба почна се. Овој период 1941-1944-та претстаува континуитет за борбата  на македонскиот народ  и продолжување на историскиот процес, за признавање на национална самобитност  и самобитност.  Поттикнати од своите идеали  и државотворни стремежи, Македонците ги обединија силите и застанаа на страната на антифашиститите и земаа активно учество во борбата против фашизмот и окупаторите,  Од овде, од Прилеп, ние борците ви упатуваме аманет да го чувате ова парче земја, Нека ни е честит денот – 11 Октомври“ кажа Стојановски.

Во името на Владата премеирот Зоран Заев на Стојановски, како претседател на Главниот одбор на Сојузот на Борците,во името на граѓаните  му врачи Благодарница за историскиот придонес на борците во создавањето на државата, вековмниот сон на многу генерации.

 Д-р Никола Стојанов е учесник во НОБ и на 8-ми февруари догодина ќе наполни 99 години живот.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »