речник контакт

Странските туристи треба низ Македонија да минат за пет часа

Влезот и излезот треба да бидат од различни гранични премини а отворени се пет

Петар Печков

Странските туристи кои ќе минуваат низ земјава, ќе треба да ја напуштаат по пет часа минати во Македонија. Во функција ќе бидат пет гранични премини и аеродромот Скопје.  Ова го предвидува посебниот протокол  кој се однесува на странските државјани, тие ќе може да транзитираат низ земјава.

Тој  ќе важи сѐ додека целосно не се либерализира режимот за влез и излез од државата. Дотогаш дозволен влез во земјава ќе биде само преку гранични премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и преку аеродром Скопје. Со протоколот се предвидува странските државјани да  влезат во земјава од еден а  да излезат на друг граничен.

Времето на задржување ќе се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба да ја предадат на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот - пишува  во соопштението од Владата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »