речник контакт

Странци заинтересирани за депонијата на згура

Странски фирми се заинтересирана за преработка и дислокација на депонијата со жгура лоциран во близина на Велес која е резултат на тридецениската работа на Топилницата.

Петар Печков

Странски фирми се заинтересирана за преработка и дислокација на депонијата со жгура лоциран во близина на Велес која е резултат на тридецениската работа на Топилницата. Две компании се јавиле на конкурсот од  Министерството за животна средина и просторно планирање за активна ремедијација  со можност за преработка на индустриското жариште –депонија на МХК Злетово во Велес. Едната понуда била поволна и прифатлива, па се очекува таа да го добие решението за користење на депонијата.

Инвеститорот на проектот предлага активна ремедијација, која ќе трае чест год. Исто така предлага и две варијанти на затварање на индустриското жариште. Згурата што е складирана на депонијата за индустриски отпад на МХК Злетово, ќе се транспортира и преработува надвор од Македонија.  Министерството има намера овој наследен проблем да го затвори за жителите на Велес. Сакаме  индустриска депонија, нејзината површина да се рекултивира – велат  од Министерството за животна средина, за неодамна завршениот конкурс.

Но не соопштуваат детали од каде е компанијата која има подобра понуда, ниту за која цена ќе биде дадена на користење. Претходно додека траел конкурсот  депонијата била посетувана од повеќе странски фирми од Израел, Бугарија и Албанија. Депонијата за згура на МХК Злетово е големо жариште  и извор за загадување на  Велес со тешки метали.

Таа е тешка 1,7 милиони тони и во неа има 8% цинк и 1 отсто олово, што овозможува нејзина економска експлоатација, сметаат сручњаците. Градот долго ги чувствува проблемите со загадувањето, бидејќи не е отстрането жариштата кое и по седум  години од затварањето на Топилницата емитуваа тешки метали, олово и цинк, тоа е депониајта. Велешките екологисти резервирани околу можноста да се реши проблемот со депонијата со згура.

Доколку се случи некоја компанија да ја земе депонијата и да ја преработува нејзината содржина, тоа е одлично решение и затоа треба да се поддржи. Но треба да се има предвид и за каква фирма станува збор, дали таа е сериозна, какво искуство има досега и други важни податоци. Во очекување на тие информации го поддржуваме надлежното Миинистерство во настојувањата да го отстрани овој црн рид над градот, кој и натаму им го загорчува животот на велешани – изјави д-р Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.

Во меѓувреме оваа невладина организација заедно со општината Велес засадија седум илјади рози на јавните површини, во училиштата и градинките во градот. На овој начин  преку процесот на фиторемедијација, преку кореновиот систем, се отстрануваат тешките опасни по здравјето метали, олово и кадмиум кои ги има во велешката почва до 50 цм длабочина. Ова е прв таков зафат на Балканот.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »