речник контакт

Стрип изложба на млади автори во Ликовен салон

Со свои дела учествуваат четиринаесет основци и средношколци од Велес, Куманово и Кавадарци создадени на дводневното стрип- училиште кое се одржа во Велес

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовниот салон во Велес беше  отворена стрип изложба на млади автори.

На неа со свои дела  учествуваат четиринаесет основци и средношколци  од Велес, Куманово и Кавадарци.

Изложбата е дел од проектот „Стрип училиште- стрипот во интеркултурна едукативна мисија“ на Стрип- Центарот на Македонија од Велес.

Стрип делата беа создадени на дводневното стрип- училиште кое се одржа на  25 и 26 јуни, во Ученичкиот интернат во Велес. Таму  млади автори од разна етничка припадност од трите градови, твореа стрипови цртежи  на различни  теми.

Оваа изложба после   Велес, ќе патува  во Куманово и Кавадарци, градовите од  каде беа останатите учесници на стрип училиштето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »