речник контакт

Стрип колонијата година во Велес собра 24 автори од осум држави

Најчест мотив кај авторите учесници се СФ и хоророт

Петар Печков

Во Велес во тек е петта стрип колонија, која се одржува во куќата на Касапови. Таа  една од двете кои се одржуваат на Балканот, првата е во Рашка на Копаоника. Учествуваат 24 млади  автори од осум држави, по четири од Западен Балкан, Македонија, Србија, Косово и Црна Гора и четири до државите на Вишеградската група Полска, Чешка, Словачка и Унгарија.  

„Како и секоја стрип колонија, така и ова треба да донесе нови стрип дела. Учесниците имаат обврска да нацртаат три до пет страници стрип, со тема по нивен избор. Така ќе имаме материјал за специјално издание на стрипот “Креатор“ кое излегува два пати годишно. Од тоа што го гледам може да се констатира дека преовладуваат темите на СФ,  хорор“ - кажа Ване Трајков претседател на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес.

Изработените стрипови остануваат во сопственост на организаторот. Учесниците се  млади автори возраст од 20 до 30 години кои започнуваат со стрип цртањето.

„Има многу инспирација за стрип творење од оваа куќа. Има многу млади и талентирани автори.  Во некои од земјите каде учесниците доаѓаат , немаат таква стрип историја, репутација,  за разлика од екс Југославија, која беше петта во Европа. Широк е опсегот на работа на учесниците, ги интересира најмногу иднината, мрачна или светла“ - рече  Владимир Ресовиќ, ментор на стрип колонијата, кој е присутен од нејзиното прво издание.  Тој има и стрип училиште „Владимир Лобачев“ во Белград,  кое постои 32 години.

„Јас сум студент и немам многу искуство со стрипот. Ова се моите почетоци. Интересно е и може да се научат многу нешта. Ја користам мојата фантазија за создавање на стрип цртежи и цртам ликови со супер природни можности како и хорори“  - рече Максимилијан Хрска од Чешка од Брно, кому ова му е прво учество на стрип колонија.

„Навистина уживам во работата и во  разговорите со другите учесници, разменуваме искуства. Цртам стрип  за уличните кучиња.  Имам издадени стрипови во Чешка и Словачка, и една графичка новела во САД“- вели  Давид Мацен од Братислава Словачка кому исто така му е прво учество на стрип колонија, иако професионално се бави со стрип шест години.  

Стрип колонијата е финансиски поддржана од Министерството за култура, Општина Велес и од Владите на земјите од Вишеградската група.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »