речник контакт

Стручњаците констатирале дека на мостот кај Башино село итно му е потребна санација

Но и тоа не било трајно решение, потребно е изградба на нов мост преку Вардар кај ЈВП Лисиче

Петар Печков

Резултатите добиени од испитувањата на стабилноста на мостот на реката Вардар кај Башино село не биле добри. Нив ги изведе Заводот за испитување на материјалите во соработка со Градежниот факултет  од Скопје. Тие го доставиле извештајот до локалната власт, која и го порача. 

Резултатите не се добри.   Стручњаците констатираа дека е потребно итно да се направат одредени санации на мостовската конструкција, да не се доведе во прашање  статичката стабилност.   Потребно е да се санираат столбовите кои се напукнати, да се заштити арматурата која е сериозно оштетена од корозија со годините, да се реши одводнувањето на мостовската конструкција,  да се замени асфалтниот слој  да не предизвикува вертикални динамички влијанија  врз мостовската конструкција. Санацијата  не  било  трајно решение  - изјави градоначалникот Аце Коцевски.  

Тој  побарал од Владата за следната година  да предвидат средства  за  во Велес да се изгради на мост преку реката Вардар, кај зградата на ЈВП ,,Лисиче,,.   Постојниот е стар 47 години изграден  од ЈНА во 1971 година   како времен, во должина о 101 м.   Тоа е армирано бетонски полумонтажен тип  мост.

За надминување на сегашната состојба, потребни биле повеќе одлуки но и санација.  Бидејќи и изградбата на нов мост и санација на постојниот е голема финансиска обврска, градоначалникот помош побарал до Владата.  

Потребно е мостот  да се категоризира, да биде регионален пат. Преку него за 60 минути минат   39 шлепери, 43 товарни возила и комбиња и 250 леки коли што не одговара на локален пат.  За возврат дел од  ул. Благој Ѓорев да го изгуби статусот  регионален пат. Со трајна санација ќе му се продолжи векот за уште 10 години. Потребно е ограничување на брзината од 20 км. Експертите сметаа дека таму  не смеат да минат камиони со носивост од 40 тони, но ако се забранеше, тогаш ќе се оптовареше сообраќајот во централното градско подрачје, бидејќи тие возила мораа да поминат низ градот - рече Коцевски.    

За  проблемот со мостот кај Башино село што биле информирани Министерот за транспорт и врски, директорот на ЈП за патишта и премиерот и вицепремирот за економски прашања.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »