речник контакт

Студентска пракса во странство

#ЛЕТОВОСАКАМ. Во времетраење од 6-12 недели, и во 128 земји, овие пракси нудат можност за запознавање на нови култури

Петар Печков

Oва лето АИЕСЕК Македонија ви нуди можност да бидете дел од проектите и активностите кои се наменети за подобрување и решавање на проблемите со кои се соочува светот. 

Преку кампањата #ЛетовоСакам, АИЕСЕК Македонија ви ги претставува волонтерските пракси кои се дел од мерките за подобрување на овие проблеми, но и имаат за цел да се покрене иницијатива за развивање на свеста кај луѓето, особено младите. 

Волонтерските пракси се достапни за сите студенти. Во времетраење од 6-12 недели, и во 128 земји, овие пракси ви нудат можност за запознавање на нови култури, стекнување нови знаења и нови вештини кои ќе придонесат не само за вашиот професионален развој, туку и за општеството.

Сместувањето и храната се најчесто обезбедени, а она што треба вие да го направите е да бидете одлучни и силно да посакувате да направите нешто повеќе за себеси и проблемите со кои се соочуваме.

АИЕСЕК Македонија брои члентво над 200 млади студенти кои активно работат на програмите за размена, проекти и активности кои се наменети за подобрување и решавање на проблемите со кои се соочува македонското општество.

За повеќе информации посетете ја нашата Фејсбук фан страна и нашиот профил на Твитер:

https://www.facebook.com/LetovoSakam

https://twitter.com/letovosakam

Спремни сте ова лето да направите промена? Излезете од балонот и одлетај на пракса! Аплицирајте на: https:/internships.aiesec.org/

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »