речник контакт

Стјуардот што го казнил Шумахер му бил сонародник на Алонсо

Која беше вистинската причина што Шумахер беше казнет да стартува од последната позиција во Монако

lj lkjl

Ако направите грешка и ја загубите контролата врз болидот, нормално е да запрете со поголем интензитет, вели менаџерот Вили Вебер Стјуардот што му ја поништи победата на квалификациите на Михаел Шумахер и истовремено го врати Германецот на последното место на стартот од трката во Монако, всушност му бил сонародник на Шпанецот Фернандо Алонсо, кому по контроверзната одлука му беше доделена пол-позицијата. Ваквото сознание пред медиумите го објави менаџерот на седумкратниот шампион во Формула 1, Вили Вебер, откако Шумахер, стартувајќи од 22. место, успеа да се пласира на 5. позиција и да освои 4 бода. Шампионот Алонсо забележа уште една победа и во генералниот пласман ја зголеми предноста на 21 бод во однос на Црвениот Барон. Анонимниот Шпанец Хоакин Вердегаи претходно со соопштение ја оправдуваше својата одлука дека возачот на Ферари со намера застанал на последниот свиок за време на квалификациите за да им попречи на своите конкуренти и на тој начин да го ослаби нивното време. Според извршените анализи, била одредена драстична казна затоа што на тесната патека во Монте Карло, каде што е речиси невозможно да се претркува, освојувањето на пол-позицијата е решавачка за победата на Гран прито. Вебер предупреди дека се на повидок нови потреси во Ф1. - Господинот е Шпанец, исто како и возачот на Рено, Фернандо Алонсо. Во овој случај не беше добра идеја нему да му се додели арбитражата. Тоа е исто како да му дадете право на којотот да и\' суди на брзата птица-итрица - изјави 63- годишниот менаџер и сонародник на Шумахер. Тој ја отфрли како бесмислена евиденцијата на Вердегаи дека Шумахер во моментот на наводна опструкција запрел многу посилно отколку што тоа го правел вообичаено. - Ако направите грешка и ја загубите контролата врз вашиот болид, тогаш е нормално да запрете со поголем интензитет. Секој возач на обичен автомобил го знае тоа. Ваквиот доказ воопшто не е убедлив - додаде Вебер, кој демантира дека по инцидентот Шумахер намерно се извинил пред јавноста за да не предизвика нова криза во Ф1. - Тој никогаш не се извинил. Неговиот гест беше погрешно разбран. Михаел се натпреварува две децении во Ф1 и ужива огромна почит кај своите колеги. Сите знаат дека тој никогаш свесно не би згазил на својот авторитет за да издејствува пол-позиција - вели Вебер. Агентот верува дека наскоро се\' ќе биде заборавено, откако за две недели неговиот клиент ќе победи на трката во Силверстоун.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »