Петар Печков
Објавено: среда, 19 февруари 2025
Цените на земјоделските производи растат, граѓаните плаќаат се поскапа храна а од друга страна држaватa одвојува се поголеми средства од буџетот, за субвенционирање на земјоделското произвдство.
Bo Македонија се увезува масло за јадење, домати, пиперки, краставици од Албанија, Турција, Србија, иако земјава пред три децении задоволуваше многу поголем пазар од два милиони жители. Министерот за земјоделство верува дека работите ќе се променат на подобро.
„Ја уверувам јавноста, дека политиките кој ги воведе оваа Влада ќе дадат плод за една производна година. Само така ќе можеме да ги мериме, споредуваме успесите,колку се произведувало, колку се произведува сега и да направиме разлика. Убеден сум дека ќе имаме зголемено произвoдство, можеби не во сите култури, но за важните, клучните, стратешките ќе има зголемување. Еве за тутунот годинава имаме откупено 24 милиони килограми, можеби и повеќе. Изминатите години падна на 14-15 милиони кг.Така ќе биде и со винското грозје, пченицата. Земјоделците почувстуваа дека има некој кој се грижи за нив“ – кажа министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, одговaрајќи на новинaрско прашање, при посетата на Велес.
Ланската година велешка Маслодајна како единствен производител на масло на јадење со преработка на сончоглед, есента откупи само 3.200 тони, што е најмало количество последните години.
И покрај повеќето апели од фаабриката, ДДВ за сончоглЕдот воведено есента 2023, да се намали од 10 на 5 отсто нема одговор. Немат ниту земјоделците одгледувачи на сончоглед, кои лани есента побараа финансиски државата да ги поддржи со по 5 до 7 денари за кг, поради лошата сушна година. Одговор од Министеството за земјдоство засега нема.
Затоа пак лани во февруари тогашната Влада позитивно одговори на истото барање и одобри по 5 денари за килограм сончоглед, предаден на преработувач. За 33 години самостојна држава, загубивме два милиона овци, извезувавме милион јагниња, а сега се симнавме на 200.000. Bo 2000 година во Македонија имало 265 .000 говеда а во 2023 година 148.000. Додека кај живината состојбата е драстично намалена, преполовена од 3,7 милиони на 1,7 милион.
Tweet |